Водителка на информативната емисија „Времја и новости“ на руската телевизија Канал 1 – блиска до властите во Москва, зад чиј грб во понеделникот во директен пренос се појави Марина Овсјаникова, држејќи антивоена порака во рацете, е Екатерина Сергејевна.
Андрејева, покрај руското има и црногорско државјанство.
ОРБАН: Следната недела очекуваме поголем бран бегалци од Украина
Според податоците на Владата на Црна Гора, доставени до невладините организации, Андрејева добила црногорски пасош во 2011 година откако решението за тоа го потпишал тогашниот министер за внатрешни работи Иван Брајовиќ.
Андрејева често на социјалните мрежи објавува свои фотографии од Црна Гора.
Како што веста синоќа ја објавија медиумите во балтичките држави, а ја пренесоа Црногорците, Андрејева покрај руско има и црногорско државјанство.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во 2015 година, според РТЦГ, објавил дека Андреева е државјанин на Црна Гора, а потоа изјавил дека таа е во брак со црногорскиот бизнисмен Душан Перовиќ. Перовиќ извесен период беше и шеф на претставништвото на Република Српска во Москва.
Во понеделникот, на 14 март, за време на емисијата „Времја“ чиј водител е Андрејева, Марина Овсјаникова се појави во рамката зад грб со натпис „Не на војната, стоп војната“.
Судот ја прогласи Овсјаник за виновен за кршење на законот за протести, пренесе агенцијата РИА.
Таа е казнета со 30.000 рубли – околу 250 евра.