Водата во Куманово е безбедна за пиење

Сподели со своите пријатели

Водата за пиење во Куманово е безбедна за пиење и одговара на законските и стручни прописи, информираат денеска од Центарот за јавно здравје Скопје.

Loading...

Кумановски Муабети побара одговор од надлежните откако во јавноста почнаа да кружат информации дека водата е загадена, а и утринава пристигна известување дека при одредена анализа пред две недели биле утврдени неправилности.

Сепак, надлежните велат дека граѓаните не треба да стравуваат и можат да ја консумираат водата.

– Водата за пиење во дистрибутивната мрежа на ЈП „Водовод“ Куманово е безбедна и одговара на законските и стручни прописи во однос на физичко-хемиските и бактериолошки параметри, односно граѓаните не треба да бидат загрижени во однос на консумирање на истата, информираат од  ЦЈЗ Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Семејна куќа изгоре во селото Младо Нагоричане

Утринава во известување доставено преку Регионалниот центар за управување со кризи, пристигна информација дека примерок од 10ти месецов покажал дека водата е бактериолошки неисправна поради фекално загадување на водата за пиење.

Од Центарот за јавно здравје Скопје велат дека тоа било резултат на технички проблем кој веднаш бил отстранет и водата за пиење е безбедна.

– Од 08.04.2023. вршиме лабораториска анализа на примероците вода за пиење во мрежата на ЈП „Водовод“ Куманово (соглсно договорот) и сите досега анализирани примероци вода за пиење одговараат на законските и стручни прописи во однос на физичко-хемиските и бактериолошки параметри, односно водата за пиење е безбедна и граѓаните не треба да се загрижени за консумација на истата, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со „Ти и јас“ кумановскиот бенд „The Solution“ ќе настапи на „Макфест“ (ВИДЕО)

И од Јавното претпријатие „Водовод“ велат дека водата е под постојан надзор и е безбедна.

Loading...

– Анализата за која се работи се однесува на анализа кога е водата уште во процес на преработка, односно нејзиниот процес дезинфекција уште не е завршен, така што тоа се однесува на тој примерок за вода, додека примероците од градската мрежа изработени од истиот Центар за јавно здравје Скопје покажуваат дека водата е безбедна за пиење, вели Тони Јовчевски, раководител на Фабрика за вода при ЈП „Водовод“.

Како што појаснува Јовчевски, при процесот на пречистување дошло до мало пореметување кога биле пуштени дополнителни количини вода од системот во Бедиње.

– Се работи за процесот на пречистување на вода кој во моментот кога е пуштен за дополнителни количини вода од системот Бедиње тогаш доаѓа до мало пореметување на самиот процес кој, технички кажано, го збуни системот за земање на примерок на таа вода која продолжува со доработката и преработката и како таква станува безбедна за пиење и дури потоа влегува во системот за водоснабдување во Куманово, појаснува Јовчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжен рокот за прибирање предлог- проекти за културни манифестации (ВИДЕО)

Согласно правилникот за безбедноста вода за пиење Центарот за јавно здравје Скопје прави 11 анализи месечно на водата за пиење низ градската мрежа и досега немало проблеми.

– Ние работиме над 100 анализи месечно во сопствената лабораторија на филтер станицата, анализите од градската вода, мрежа се исправни и кај нас и кај нив. Не треба да има никаков проблем и граѓаните да не се плашат да пијат, вели Јовчевски.

Никола Ивановски