Водата од чешмите во Проевце сѐ уште не е исправна за пиење

Сподели со своите пријатели

Природно минералната вода од чешмите во селото Проевце сѐ уште не е исправна за пиење, велат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Loading...

Како што информираат оттаму, на 22 август била извршена првата анализа која покажала неисправност, односно присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во големиот чеп.

– После тоа земавме повторно вода и цевките ги опгоревме со пламен, и повторно имавме присуство на истата бактерија. На 27.08.2024 земавме по трет пат вода за анализа од двата чепа, повторно се докажа присуство на истата бактерија. Со оглед на настанатата ситуација ние контактиравме со надлежните во општината и ги информирав што треба да се преземе за да се квалитетот на вода подобрил, информира Д-р Бедри Велиу – Раководител на одделение за хигиена со здравствена екологија,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СИБРИГ со донација за Домот за стари лица „Зафир Сајто“ (ФОТО)

Од Центарот за јавно здравје Куманово препорачуваат водата да не се консумира за пиење се додека не се добијат исправни резултати.

Воедно апелираат  граѓаните да ја одржуваат хигиената околу чешмите.

Никола Ивановски