Водата од чешмите во Проевце е безбедна за пиење

Сподели со своите пријатели

Природно минералната вода од чешмите во кумановското село Проевце е безбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје.

Loading...

– Последните анализи покажаа дека водата е исправна и ја прогласивме како безбедна за пиење. Анализите направени на 16 октомври покажаа дека водата е безбедна за пиење, изјави др. Бедри Велију, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Куманово.

Како што информира др. Алију, праксата претходно била да се прават анализи барем еднаш месечно, но откако во септември беше утврдено дека водата е небезбедна, анализите биле зачестени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач

– Ќе продолжиме да правиме анализи. Имаме секој месец, но минатиот правев неколку, секоја недела по една додека водата не стана безбедна за пиење, додава др. Алију.

Надлежните кон крајот на септември соопштија дека при направени анализи било констатирано присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во големиот чеп, поради што препорачаа граѓаните да не ја консумираат водата.

Надлежните и тогаш, а и сега, апелираат граѓаните кои ги посетуваат чешмите да ја одржуваат хигиената на самото место.

Никола Ивановски