Градоначалникот Зоран Дамјановски со претставници на општинската администрација денеска го посетија селото Табановце, каде беше пуштен во употреба новиот асфалтиран пат.

Проектот за изградба на патот е во соработка на Општина Куманово и УНДП со цел на жителите на Табановце да им се заблагодарат за помошта и соработката во справувањето со мигрантската криза.
Патот е во должина околу 1.400 метри, дебелина од седум сантиметри, регулација на оваа улица која е комплетна комуникација со бегалскиот камп, кој е од многу голема важност прво од населението на жителите на Табановце, а и УНДП влегува во насока на регулирање на тој пролаз и транзитниот камп на Табановце – рече Дамјановски.
Проектот чини 8,5 милиони денари и деновиве целосно се очекува да биде завршен со поставување на банкини покрај патот.
Дамјановски беше и во посета на селото Сопот каде во тек е изградба на потпорен ѕид кај училиштето, проект исто така финансиран од УНДП.
Има направено промена на вентили за водоснабдување, бидејќи овде главен проблем е водоснабдувањето и губењето на вода, бидејќи нема голема издашност на бунарите, така да на овој начин ќе ги санираме губитоците на вода и се надеваме дека ќе имаме добар водоснабдителен капацитет, комплетно згрижување на комуналнта, водоснабдителна и патна инфраструктура – додаде Дамјановски.

Во рамките на проектот, УНДП донираше механизација за Јавните претпријатија во Општина Куманово со цел помош во справувањето со бегалската криза и одржување на бегалскиот камп лоциран токму во селото Табановце.


