Во завршна фаза игралиштето на „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери” (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во завршна фаза е изградбата на игралиштето на спортските терени во ООУ „Вук Караџиќ“ и ООУ „Наим Фрашери” во Куманово.

Loading...

 

 

Вчера увид во текот на активностите, заедно со директорите на училиштата, направи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

– Игралиштето е во завршна фаза на изработка со поставена еластична спортска подлога (тартан), заштитна ограда и комплет 4 кошеви со зглобен обрач и мрежа по FIBA стандарди. Во моментот се врши обележување на терените, а следува поставување на комплет 2 голови со мрежа по IHV стандарди и трибина, вели Димитриевски.

 

 

Инаку, ативно се работи и на реконструкција на спортските терени во населбата Гоце Делчев, на локалитет „Кошеви“ и спортското игралиште во село Долно Којнаре.

 

 

Loading...

Претходно беа комплетно реконструирани спортските игралишта во СОУ Гимназија „Гоце Делчев’, СОУ „Перо Наков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“ во Куманово.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply