„Во Вухан изведуваат тајни воени експерименти“, вели поранешниот шеф на ЦИА

Сподели со своите пријатели

Поранешниот директор на ЦИА и државен секретар на САД Мајкл Помпео изјави дека се спроведуваат тајни воени експерименти и истражувања на Институтот за вирусологија во Вухан.

Loading...

Тој вели дека има многу докази дека коронавирусот излегол од лабораторијата.

Помпео зборуваше неколку дена откако Џо Бајден, сегашен претседател на САД, им нареди на разузнавачките служби да го утврдат потеклото на ковид 19 во следните 90 дена.

„Со сигурност можам да кажам дека знаеме дека луѓето од таа лабораторија беа вклучени во соработка со Народноослободителната армија. Значи, воените активности се одвиваа таму во исто време, иако тие тврдеа дека станува збор за строго цивилна истрага”, рече Помпео за Фокс Њуз.

Тој додаде дека Кина одбила да каже на што работат, како и дека одбила пристап до Светската здравствена организација, заклучувајќи дека самата операција за прикривање укажува на тоа дека таму се случуваат многу работи што не биле познати.

„Таа лабораторија за тестирање на вируси е сè уште таму и работи. Веројатно ги прави тестовите што доведоа до излегување на вирусот од лабораторијата. Само кинеската комунистичка партија го знае одговорот, но целиот свет заслужува одговор и тие треба да ни кажат што се случи“ рече Помпео.

Тој изрази задоволство од наредбата на Бајден да се испита потеклото на вирусот.

„Драго ми е што се случи тоа. Се надевам дека истрагата сериозно ќе се спроведе. Разузнавачката заедница ја следи оваа ситуација многу подолго од 90 дена”, рече поранешниот директор на ЦИА.

Loading...

Од почетокот на пандемијата минатата година, Помпео се залага за теоријата дека вирусот протекол од лабораторијата во Вухан.

„Од пролетта 2020 година, постојат докази дека вирусот потекнува од лабораторијата. Знаеме дека имало луѓе кои се разболеле таму, научници кои се разболеле таму“, рече Помпео, додавајќи дека вирусите во лабораториите биле модифицирани да бидат заразни и потенцијално смртоносни и дека сегашната администрација мора да го испита тоа.

Leave a Reply