„Во вселената тргнале живи, но сетале мртви“ – Приказната за космонаутите кои минале 22 дена во вселената (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Советските космонаути Георги Добровољски, Владислав Волков и Виктор Пацаев го започнале своето вселенско патување на долги растојанија на почетокот на јуни 1971 година и истиот ден успешно слетале на првата човечка вселенска станица Салут 1.

Loading...

Тие поминале 22 дена во вселената и со тоа поставиле рекорд за престој на луѓе во вселената.

Тие тргнале на 30 јуни и нивната капсула успешно слетала на степите во Казахстан. Кога советските техничари ја отвориле вратата на капсулата, откриле мртва екипа.

Телото на Добровољски не се ни оладило, а сите тројца имале модринки на лицето и крвави траги околу носот и ушите.

Што се случило? Како загинале тројца врвни пилоти?

Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти, кога Соединетите Американски Држави ги испратија првите луѓе на Месечината, Советскиот Сојуз се сврте кон некои поблиски цели.

Тие почнаа да градат вселенска станица во орбитата на Земјата која ќе биде отскочна даска за долг престој на луѓето во вселената.

Владимир Челомеј ја предводел советската вселенска индустрија и ја поставил визијата за вселенски станици и воени станици во блиската орбита на Земјата.

Сепак, неговиот сон набрзо ја надминал дури и неговата амбициозна визија. Вселенските станици набрзо станале место на бројни експерименти за цивилна употреба, а воената употреба паднала во втор план.

Loading...

За Салут 1, првата цивилна вселенска станица, можело да се погоди како ќе помине нејзиниот престој во вселената.

Лансирањето било планирано за 12 јуни 1971 година, за да се совпадне со десетгодишнината од летот на Јуриј Гагарин, но поради технички проблеми Салут 1 ја напуштил земјата една недела подоцна.

Првиот човечки екипаж требало да го посети Сојуз 10, но повторно технички проблеми го спречиле и космонаутите не влегле во станицата. Само несреќниот Сојуз 11 успеал да ги пренесе првите луѓе до вселенската станица.

Откако Добровољски, Волков и Пацајев поминале 22 дена во вселената и со тоа поставиле рекорд за престој на луѓе надвор од земјината атмосфера, екипажот тргнал на пат кон дома и на прв поглед се чинело дека се е во најдобар ред.

Меѓутоа, откако биле пронајдени мртви, астронаутите ширум светот беа загрижени.

Една теорија беше дека луѓето едноставно не можат да живеат во вселената толку долго и дека количината на радијација е смртоносна.

Всушност, сето тоа се случило поради еден вентил кој случајно останал отворен, што предизвикало декомпресија на патничката кабина. Бидејќи тогаш немале заштитни одела, вакумот ги убил сите тројца за само неколку секунди.

Црната кутија забележала дека биле убиени за само 40 секунди.

Loading...

Пацаев починал во близина на наведениот вентил и се претпоставува дека се обидел да го затвори.

Салут 1 бил уништен неколку месеци подоцна, а авионите на Сојуз биле редизајнирани така што само двајца патници можеле да се сместат внатре за да можат да останат во заштитни одела.

Американскиот претседател Ричард Никсон, исто така, се приклучи на жалоста за истакнатите советски космонаути.

„Американскиот народ се придружува во изразувањето сочувство до советскиот народ за трагичната смрт на советските космонаути“, напиша Никсон.