Во Виена разбиена нарко банда од Балканот, уапсени 24 лица

Сподели со своите пријатели

Австриските власти уништија мрежа на трговци со дрога составена од Албанци и Косовари.

За време на полициската акција во Виена, уапсени се 24 лица, а запленети се 200.000 евра, пренесува „Репортери“

Мажите на возраст од 18 до 48 години биле приведени и сите биле обвинети за трговија со дрога.

Оваа група дејствувала во осум австриски области. Продавале наркотици во кафулиња, на улица и од автомобили.

При претресот на становите на обвинетите полицијата пронашла 2.000 растенија канабис со вкупна тежина од околу 80 килограми, 3.1 килограм кокаин и 204.000 евра.

Полицијата запленила и три возила.

Leave a Reply