Во униформи на УЧК терористите во Диво Насеље шетале неколку дена пред нападот

Сподели со своите пријатели

За прв пат некој од сведоците во случајот Диво насеље вчера потврди дека ги препознал лицата обвинети за тероризам пред 9ти мај и тоа во друштво на неколку лица во униформи на УЧК.

Според вчерашниот исказ во Врховниот суд на рочиштетот сведокот Шабан Јашари од Куманово раскажал дека лица во црни униформи неколку дена пред нападот во Тоде мендол престојувал во куќата на обвинетиот Фадил Фејзулаху кој бил негов сосед, а Сами Укшими познат како Командант Соколи со уште две лица во црни униформи дошле да испијат кафе.

Сведокот сепак бил во странство па обвинетите и нивните правни застапници немаа можност лично да го слушнат исказот и да постават прашања.

Згрешив што не го пријавив нивното присуство. Околу 5 часот почнаа пукотниците, а ние излеговме надвор. Се слушаа и експлозии. Сами Ушкини им даваше команди и се појави кај мене на врата со двајца во црни униформи и побара кафе. Откако си замина, ја подотворив вратата и видов мртво тело во дворот. Се исплашив и се вратив назад. Во еден момент на покривот на куќата на Фадил видов полицаец кој зборуваше македонски. Тој рече: Не пукајте, има и цивили. Тогаш си помислив, добро е спасени сме – стоеше во исказот.

Сведокот Јашари живеел на улицата „Перо Илиевски“ во населбата Тоде Мендол. Тој рекол дека на 5 и 6 мај кога поминал пред куќата на Фадил ги видел уноформираните лица, на прашањето кои се тие, неговиот сосед Фадил Фејзулаху му рекол дека се од УЧК, а на прашањето што тие бараат во населбата, не добил одговор. Според исказот на сведокот, лицата во црни униформи носеле калашникови, а истите ги гледал и наредните денови. Сепак иако му биле сомнителни не пријавил во полиција и тоа го сметал за голема грешка. Денот пред пукањата не забележал ништо сомнително.

Утрото на 9ти мај него и неговото семејство ги разбудило пукање и звуци од експлозии и тогаш сите легнале на ѕидот во куќата каде останале цели 13 часа, додека надвор се слушале извиците „Трчај“, „Ура“ и „УЧК“. Исто така посочил дека слушнал како Командат Соколи давал наредби и дека билс о уште две лица со кои дошле во неговиот дом и барале кафе, но потоцна соколи рекол дека тоа не бил прв пат да испијат заедничко кафе.

Од неговиот дом првин заминале униформираните лица, а откако заминал и Соколи, сведокот излегол во својот двор каде видел мртов човек во униформа на УЧК по што во паника се вратил во својот дом кој по кратко време започнал да гори. Во тој момент заедно со сопруагта и мајката излегол надвор, а во дворот на неговиот сосед Фадил имало полициски службеник кој рекол „Не пукајте, има цивили“.

Сведокот Јашари рекол дека со Командант Соколи се познаваат од 2001 година. Јашари бил камерман, а Сами Укшими лобирал за ДПА за претстојните избори. Во тоа време, како што кажал, Сами Укшими често пати бил во друштво на Мендух Тачи. Јашари во исказот рекол дека Сами Укшими бил командант, а Фадил дека учествувал во конфликтот во 2001 година.

Укшими или Командант Соколи по сослушување на исказот ги негираше сите тврдења

Loading...

Сами Укшими по читањето на исказот стана и рече дека тоа што го кажал Јашари не е точно и дека неговиот исказ бил даден под принуда. Иако од адвокатите на обвинетите било побарано Јашари лично да сведочи сепак тоа било одбиено.

На рочиштето требало да бидат сослушани уште двајца сведоци на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но истите на наведените адреси не биле пронајдени.

Во понеделник докази ќе изнесе одбраната.