Во Украина забранет излез од земјата на воено способни мажи

Сподели со своите пријатели

Државната гранична служба на Украина известува дека поради воведувањето на вонредната состојба во Украина, привремено е ограничено заминувањето на одредена категорија граѓани од Украина.

Посебно е забрането за машки државјани на Украина на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат Украина.

Ваквото правило ќе важи за периодот на вонредна состојба. Се замолуваат граѓаните да ги земат предвид овие информации, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Украина.

Да потсетиме, претседателот на Украина ги повика сите мажи да земат оружје и да ја бранат татковината. За да добиете оружје, доволно е да покажете украински пасош.

Според првичните проценки, денеска Украина ја напуштиле 100.000 граѓани.