Во Украина почнаа да работат логори за воени заробеници.
Ова го потврди јавната обвинителка Ирена Венедиктова.
Венедиктова зборуваше за функционирањето на логорот за воени затвореници на „руските окупатори“.
Во интервју за Би-Би-Си, таа рече дека се почитуваат сите правила на меѓународното хуманитарно право за затворениците.
„Камовите овозможуваат централизирано задржување на воените затвореници во согласност со сите норми на меѓународното хуманитарно право“, рече Венедиктова.
„Сигурни сме дека наскоро ќе бидат потребни уште вакви кампови“, додаде таа.