Во Украина досега убиени 1.417 цивили

Сподели со своите пријатели

Од 24 февруари и почетокот на руската воена операција во Украина, 1.417 цивили се убиени, а уште 2.038 се ранети, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации.

Loading...

„Од 4 часот наутро на 24 февруари 2022 година до полноќ на 2 април 2022 година, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН забележа 3.455 цивилни жртви во Украина: 1.417 загинати и 2.038 повредени“, се вели во соопштението на ОХХР. пренесува Ројтерс.