Во Турија загина Протеа, куче трагач што спаси повеќе од 10 луѓе од урнатините

Сподели со своите пријатели

Протео, едно од омилените кучиња за спасување во Мексико, кое беше испратено во Турција за да им помогне на единиците за спасувачки операции, загина во потрага по преживеани под урнатините.

Loading...

Тој спасил повеќе од 10 луѓе.

„Длабоко жалиме за загубата на нашата голема придружничка, кучето Протеа“, соопшти мексиканското Министерство за национална одбрана.

 

 

„Ја исполни својата мисија како член на мексиканската делегација во потрагата и спасувањето на нашите браќа во Турција. Ти благодариме за херојската работа“, се вели во соопштението на министерството објавено на Твитер.

Според турските медиуми, кучето загинало во урнатините кога една од бетонските плочи се откинала и паднала врз Протеа.

Loading...

На задачата во Турција, спасил од 10 до 15 луѓе.

Протео беше едно од 16-те кучиња трагачи испратени од Мексико во Турција минатата недела за да помогнат во операциите за пребарување и спасување по разорниот земјотрес.

 

 

„Срцето на нашиот спасувачки тим моментално лета за Турција“, напиша во вторникот на Твитер мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Ебрард.

Мексико, кое има чести земјотреси поради својата тектонска средина, е добро познато по своите високо обучени и специјализирани кучиња за пребарување и спасување.

Најавено е дека ќе се одржи проштална церемонија за Протеа, организирана од неговите колеги спасувачи.

Loading...