Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу ги обвини курдските екстремисти за експлозијата во која загинаа шест лица во Истанбул и објави дека полицијата привела 22 лица осомничени за учество во нападот, вклучувајќи го и лицето кое ја поставило бомбата.
Сојлу рече дека наредбата за нападот на авенијата Истиклал во Истанбул е дадена во Кобани, град во северна Сирија каде турските сили во последните години спроведуваат операции против сириската курдска милиција ИПГ, пренесува Ројтерс.
„Веруваме дека инструкцијата за нападот е од Кобане“, рече Сојлу, додавајќи дека бомбашот поминал низ Африн, друг регион во северна Сирија.
„Лицето што ја постави бомбата е приведено. Претходно беа приведени уште 21 лице“, рече Сојлу.
Телевизиските вести покажаа снимки на лице, очигледно жена, како остава пакет со бомба под крената цветна постела на авенијата Истиклал, популарна туристичка дестинација.
Околу 50 лица беа отпуштени од болница по вчерашниот напад, но постои загриженост дека Турција би можела да биде цел на други бомбашки напади, како во 2015 и 2017 година кога беа извршени низа слични терористички акции.
Во минатото Истанбул беше цел на курдски екстремисти, членови на левичарски организации.