Во Турција преброени 99 отсто од гласовите. Како се гласало по градови?

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (YSK) Ахмет Јенер изјави дека, според податоците собрани до 9:45 часот по локално време (08:45 часот по средноевропско време), актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган освоил 49,40 отсто, а кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу 44,96 отсто од гласовите, јавува Анадолија.

Loading...

Џенер во своето обраќање пред новинарите ги претстави најновите податоци за резултатите од претседателските и парламентарните избори одржани во неделата.

„Од вкупно 192.214 гласачки кутии во земјава, до 9.45 часот се отворени 192.187, што е околу 99 отсто. Во земјава во моментов не се отворени 27 гласачки кутии. Досега во странство се отворени 8.065 од 9.594 гласачки кутии. 1.529 гласачки кутии се уште не се отворени во странство, а досега 84,06 отсто од гласачките кутии се отворени во странство“, рече Џенер и додаде.

„Според овие податоци, до 9 часот и 45 минути Реџеп Таип Ердоган освоил 49,40 отсто од гласовите, Кемал Киличдароглу 44,96 отсто, Синан Оган 5,2 отсто, а Мухарем Инџе 0,44 отсто.

Според податоците на Анадолија, Киличардоглу има предност во поголемите урбани центри, а води во Истанбул со 48,55 отсто, Анкара 47,31 отсто, Измир 63,29 отсто, Анталија 53,13 отсто и Аданија со 50,89 отсто, пренесува Данас.

На крајниот исток на земјата, која е главно населена со Курди, Киличардоглу извојува убедлива победа.

Но, во централниот дел на земјата, како и на северот, Ердоган извојува убедлива победа, па на места како Јозгат има дури 72,7 отсто или Бајбурт, 78,86 отсто од гласачите.

Ердоган, пак, води само во Бурса со 51,47 отсто и Коња со 68,94 отсто.

Loading...

Во неделата граѓаните на Турција гласаа на редовните претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за новото свикување на Големото национално собрание, кое има вкупно 600 места.