Истанбул го зафати силно снежно невреме кое го блокираше аеродромот, еден од најфреквентните во светот, додека во самиот град настана колапс поради големото количество снег на улиците.
Десетици луѓе останаа заробени во своите автомобили на температури под нулата.
Во некои делови на Истанбул паднаа над 80 сантиметри снег, поради што спасувачките и градските служби се на улиците од синоќа.
На социјалните мрежи кружат бројни фотографии и видеа од завеаниот град и колапсот. На една од нив се гледа и млад човек кој скија низ снежна улица.
Fatih Işık isimli bir kişi, İstanbul Avcılar’dan Firuzköy’e kayak yaparak gitti. pic.twitter.com/1M92Vk9ct7
— ibrahim Haskoloğlu (@haskologlu) January 24, 2022
Снегот го блокираше аеродромот
Летовите од аеродромот во Истанбул се прекинати втор ден по ред, а на улиците на градот им е забранет влезот на приватни возила.
Снимките од аеродромот, кој е меѓу најголемите во светот, покажуваат писти покриени со густа снежна покривка со едвај видливи авиони и возила, пренесува Ројтерс.
Аеродромот во Истанбул на својата веб-страница објави дека летовите до денеска се во прекин до 13 часот по локално време поради неповолните временски услови, а авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ вчера објави дека ги откажала сите летови од аеродромот.
Заглавените возачи ја поминаа ноќта или во автомобили или ги оставаа возилата за да си одат дома пеш или со метро.
🔴 Latest pictures are receiving from #Istanbul Airport, Flights Suspended due to intense #SnowStorm2022 in #Turkey 🇹🇷 #PakWeather pic.twitter.com/YjTOkL24Yg
— PakWeather.com (@Pak_Weather) January 25, 2022
„Заглавен сум 12 часа“
„Ништо не се движи. Спасувачките екипи не можат ни да стигнат до нас“, изјави Ахмет Одабаси (40) за АП по телефон на еден од патниците кои беа заглавени на автопатот западно од Истанбул во текот на ноќта.
„Овде сум заглавен 12 часа. Среќен сум што имам бензин, храна и вода“, рекол маж кој возел кон Истанбул од градот Едрене, во близина на границата со Грција.
Невремето се предвидува да трае до утре, а градоначалникот на Истанбул најави нови обилни врнежи од снег и за вечерва.
Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја презеде необичен чекор, одлучувајќи да ги забрани приватните автомобили на улиците до 13 часот по локално време.
#Turkey – Snow covers Istanbul Airport with all flights suspended pic.twitter.com/OEKKUJfVwb
— CyclistAnons (@CyclistAnons) January 25, 2022
Екипите за итни случаи моментално ги расчистуваат улиците, а на многу јавни работници им е дадено административно отсуство за службените патувања да се сведат на минимум.
Далеку на југот на Турција снег падна на плажите во Анталија за прв пат по 29 години.
На снимката што ја сподели гувернерот се гледаат камиони и автомобили заробени покрај и околу автопатите во градот.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу изјави дека на патиштата се искористени 55.000 тони сол и ги повика граѓаните да го расчистат снегот пред куќите и продавниците за да им помогнат на екипите на брзата помош.
Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека на државните службеници ќе им биде дозволено да останат дома во вторник, освен оние кои се вработени во безбедносниот, здравствениот и транспортниот сектор.
Училиштата низ Турција веќе се затворени поради зимскиот студ.
Околу 4.600 луѓе останаа заробени на патиштата низ земјата, а илјадници луѓе се сместени во привремено сместување, соопшти Националната управа за катастрофи и вонредни ситуации.
Невремето предизвика хаос и во соседна Грција, отежнувајќи го сообраќајот во Атина и го запре најголемиот дел од јавниот транспорт.
https://youtu.be/flpMkSxRZMg