Турските власти издадоа налози за апсење на 170 лица обвинети за поврзаност со мрежата која е одговорна за неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.
Локалните медиуми јавија дека денеска се уапсени 22 лица. Налозите за апсење се издадени за лица во Истанбул и 37 провинции, а меѓу нив има и пензионери, активни и суспендирани војници.
Се верува дека осомничените преку телефон разговарале со имами.
По неуспешниот воен удар, Турција прогласи вонредна состојба која се уште е во сила, а до сега се уапсени повеќе од 50.000 луѓе осомничени за учество во пучот. /МИА