На три различни локации во текот на вчерашниот ден горела сува трева, при што интервенирале припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово, информираат од Регионалниот цетар за управување со кризи.
Во 11:25 часот добиле повик дека сува трева гори во населбата Перо Чичо, каде веднаш се упатиле тројца пожарникари со едно противпожарно возило и во 12 часот го локализирале огнот.
Интервенирано исто така на опожарена сува трева во атарот на село Преовце на локалитетот Војни магацини во 12,40 часот, при што тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале до 13:15 часот.
Интервенција бележат и на месноста викана Ристово трло, на Пчински мост, каде тројца пожарникари гаснеле опожарена сува трева во период од 14:40 до 15:30 часот.
Причините за избувнување на пожарите не се познати, а настаната е само минимална штета.

