Во топлите ноќи не спијте со вклучен вентилатор, за да не завршите на лекар

Сподели со своите пријатели

Летото е во полн ек, а температурите можеби и допрва ќе растат, па така и ноќите ќе стануваат потопли.

Loading...

Ако не спиете покрај отворен прозорец или ви е вклучен вентилаторот во текот на целата ноќ, тешко дека ќе избегнете будење во пот и превртување низ креветот, но колку и да звучи пријатно, оваа втора опција и не е толку добра за човековото здравје.

Експертот за спиење Марк Редик верува дека постојат и предности и недостатоци кога во прашање е спиењето со вклучен вентилатор, пренесува „Indi100“.

Предноста е во контролираната соба температура, постојана циркулација на воздухот, но и звукот кој на некои луѓе им помага полесно да заспијат.

Но, една од најголемите маани на вентилаторот е можноста за предизвикување алергиски реакции поради количеството прашина и поленј кои можат да завршат во синусите.

Оние кои се подложни на алергии, треска или боледуваат од астма, можат да имаат проблем доколку ноќта ја минат со вентилаторот.

– Добро погледнете го вашиот вентилатор пред да го вклучите. Ако на себе има честички прашина тогаш може да биде проблематично. Тие честички летаат во воздухот секогаш кога ќе го вклучите. Сето тоа може да доведе до сушење на кожата и грлото или да предизвика иритација на очите, особено ако носите леќи. Носните патиша и синуси исто така можат да бидат под влијание на сувиот воздух, што меѓу другото може да предизвика главоболка. Ако сувоста е екстремна, тогаш вашето тело ќе почне да предизвикува вишок слуз, што може да доведе до затнување на носот и синусите, вели Редик.

Исто така, поради студениот воздух може да се јават грчеви и напнатост на мускулите, што сигурно не е добра вест за секој кој сака добро да се наспие иако температурата е повисока од 30 степени.

Loading...

Но, постојат и начини како да обезбедите пријатна температура во спалната соба, а притоа да не мора да користите вентилатор.

– Добро затемнете ја собата во текот на денот.

– Пијте доволно вода и избегнувајте коефин и алкохол

– Користете памучна постелнина.

– Студен туш.

Ако и по ова инсистирате на употребата на вентилатор, Редик има единствено решение. Имено, тој предлага да замрзнете четири до шест шишиња со морска вода.

Пред да тргнете во кревет, истите можете да ги ставите пред вентилаторот. Тоа ќе произведе пријатно проветрување кое ќе ве разлади.

Редит исто така советување купување вентилатор кој има можност за ротирање, па нема да биде насочен исклучиво кон вас.

Loading...

Исто така може да се набави и вентилатор кој ќе може временски да се ограичи и да не мора да работи цела ноќ.

Експертот потсетува дека на крајот се зависи од вашите преференци, но дека купувањето вентилатор кој се ротира или во себе содржи тајмер може да биде исплатлива инвстиција за летниот период.