Во терористички напади во Дагестан загинаа повеќе од 15 полицајци и неколку цивили

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 15 полицајци и неколку цивили загинаа во терористички напади во Дербент и Махачкала, во јужната руска република Дагестан, денеска гувернерот Сергеј Меликов објави нов биланс на нападите.

Loading...

Во неделата беа извршени неколку напади врз синагога и црква во Дербент, како и врз православна црква и две полициски станици во Махачкала.

Во овие градови е воведен режим на антитерористичка операција, соопштија дагестанските власти.

– Повеќе од 15 полицајци се жртви на терористички напад, изјави Меликов на својот канал Телеграм по резултатите од оперативниот штаб формиран по нападите во Дербент и Махачкала.

Тој додаде дека загинале уште неколку цивили, пренесува Интерфакс.

Националниот антитерористички комитет (НАК) извести за убиство на пет милитанти во Дагестан, каде што живеат повеќето муслимани.

Тројцата ликвидирани беа идентификувани како синови и внуци на началникот на областа Сергокалински во републиката.

Според податоците на републичкото Министерство за внатрешни работи, во болницата во Махачкала се префрлени 16 лица – 13 повредени полицајци и тројца цивили.

Loading...

Од денеска во Дагестан е тридневна жалост.