Во текот на денот сончево, ноќта носи врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност.

Loading...

Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места на запад врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната температура се очекува да достигне до осум степени.

Во текот на ноќта се очекува наоблачување кое ќе донесе врнежи од дожд и температурата ќе падне на два степени.

Никола Ивановски

Leave a Reply