Во тек се борби околу воениот аеродром во близина на Киев

Сподели со своите пријатели

Украинската армија денеска соопшти дека се бори за контрола над воениот аеродром во Гостомел, во близина на Киев.

Loading...

„Во тек се борби за аеродромот Гостомел, кој се наоѓа на неколку километри северозападно од Киев“, изјави шефот на украинската армија Валериј Залужни.

Ситуацијата е „напната“ на југот на земјата, каде што се водат битки за градовите Геническ, Скадовск и Чаплинка во областа Керсон во близина на црноморскиот полуостров Крим, додаде тој.