Во тек е пријавување за мерката обука на работно место со субвенционирано вработување

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот центар за вработување денеска ги повика заинтересираните работодавачи и невработени лица да се пријават за мерката – обука на работно место со субвенционирано вработување.

Loading...

Финансиска поддршка добиваат и невработените и работодавачите од Куманово, појаснуваат од Центарот.

– Со мерката предвидено е да се обучат невработените за конкретно работно место, работодавачите да добијат обучен кадар кој самите го креираат, при што сите добиваат поддршка од АВРСМ. Првите три месеци, невработените посетуваат обука, доколку успешно ја завршат добиваат и вработување. Оваа мерка е комбинација од обука и вработување. За време на обуката, невработените добиваат надомест од 11.000 денари бруто, а потоа работодавачите доколку го вработат лицето, добиваат шест месеци по 19.000 денари за исплата на дел од платите. Работодавачите добиваат и еднократен надомест од 25.000 денари по обучено лице по завршена обука, изјави раководителката на Центарот за вработување Куманово, Марија Димитријевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал поранешната сопруга

Работодавачите кои ја користат мерката се обврзани да ги вработат успешно обучените лица по завршување на субвенционирањето во дополнителен период од уште дванаессет месеци.

Предност за користење на оваа мерка имаат неколку целни групи, корисници на социјална помош, жени, Роми, млади до 29 години долгорочно невработени, лица со попреченост. Сепак, како што појаснуваат од Центарот, за користење на мерката важни се и потребите на работодавачите кои бараат одредени квалификации за одредени работни места.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат до 13 октомври, односно до пополнување на планираниот опфат.