Во тек е изградбата на Гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Изградбата на новиот објект на Средното општинско училиште Гимназија „Сами Фрашери“ во Куманово е во полн ек.

Loading...

– Заврши втората фаза на градежните работи од објектот, кои се одвиваат согласно предвидената временска рамка, динамика и според зацртаниот план, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Во училишниот центар ќе се изведува настава на албански јазик за ученици од матичната Гимназија и албански паралелки од ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово.

Проектот е во реализација на Министерството за образование и наука, со поддршка на Општина Куманово.

 

Loading...

 

Во овој момент гимназијалците од „Сами Фрашери“ настава изведуваат во објектот на поранешниот Земјоделско Индустриски Комбинат, каде има лошо услови за настава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носи почетокот на февруари?

Никола Ивановски