Во тек е акцијата за бесплатно отстранување хаварисани возила во Куманово

Сподели со своите пријатели

Се уште трае акцијата за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово која ја организираат општината, полицијата и Јавното претпријатие „Куманово паркинг“.

Loading...

Граѓаните имаат можност бесплатно да им се дислоцира хаварисаното возило, а за него да добијат и пари од лиценцираниот отпад во кој ќе биде однесено.

 

 

Целта на акцијата, како што појасни Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово е да се ослободат јавните површини од хаварисаните возила.

– Станува збор за услуга која ја нуди општина Куманово преку „Куманово паркинг“ со цел да се ослободи паркинг простор и граѓаните да се ослободат од хаварисаните автомобили. По истекот на периодот од 30 дена службите ќе пристапат кон целосно и неселктивно отстранување на хаварисаните возила со цел ослободување на паркинг простор во Општина Куманово, изјави Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово

 

Loading...

 

Сопственици на хаварисани автомобили можат да се јават секој работен ден од 08 до 16 часот на телефонскиот број 075 221 372 со цел службите на ЈП „Куманово паркинг“ бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо.

 

 

Според првичните проценки од комунални инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои долг временски период зафаќаат простор на јавни и на паркинг површини.

– Истите се доставени до СВР и се врши проверка на сопственоста. Како работна група сметаме дека е време да се справиме со проблемот со паркирање во Куманово и дека е најсоодветно да се започне прво со ослободување на простор кој веќе постои и е наменет за таа работа, вели претседателката.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

За почеток мерката за отстранување на хаварисаните возила ќе се спроведува во централното градско подрачје, а потоа и во приградските населби.

Никола Ивановски