Во Судан беше договорен тридневен прекин на огнот од хуманитарни причини

Сподели со своите пријатели

Суданските паравоени сили за брза поддршка (РСФ) денеска објавија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини.

Loading...

Според извештаите, прекинот на огнот стапил во сила денеска во 6 часот по локално време и се совпаѓа со муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, пренесува Ројтерс.

„Примирјето се совпаѓа со благословениот Рамазан Бајрам… со цел да се отворат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните и да им се даде можност да ги поздрават своите семејства“, се вели во соопштението на РСФ.

Во судирите меѓу суданската армија и РСФ досега се убиени повеќе од 600 луѓе, соопшти вчера суданското Министерство за здравство, пренесува ТАСС.

Во Судан од саботата траат судирите, кои избувнаа по неколкудневна тензија околу патоказот за транзиција на земјата во цивилно владеење, потсетува Ројтерс.

Еден од главните проблеми е планот за интегрирање на РСФ со своите 100.000 членови во суданската армија и назначувањето на лидерот на новите воени сили.

Договорот требаше да биде потпишан на почетокот на април.