Во Старо Нагоричане пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација

Сподели со своите пријатели

Прехрамбени производи без декларација откриле надлежните служби во текот на вчерашниот ден во селото Драгоманце во Старо Нагоричане.

– На 15.02.2022 на крстосница за с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контролата биле пронајдени поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација.

За случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна. Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени.

Никола Ивановски