Во Старо Нагоричане повеќе починати, отколку родени
On:
Сподели со своите пријатели
Општината Старо Нагоричане бележи негативен природен прираст на населението.
Во третото тримесечје, според податоците на Државниот завод за статистика, биле родени 12 бебиња, а починале 17 лица. Нема починати доенчиња и разводи, а биле склучени четири бракови.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2017 година во Република Македонија, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7.7% и изнесува 5 866 живородени деца.
Бројот на умрените лица, во третото тримесечје од 2017 година, бележи зголемување од 3.4% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 823 лицa, а од нив 64 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 1 043 лица, што значи бројот на живородените деца е поголем за толку лица од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината бележи зголемување за 8.2% во споредба со истиот период од 2016 година и изнесува 4 670 бракови.
Во ова тримесечје од 2017 година се регистрирани 399 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.1% во споредба со истиот период од 2016 година.