Во среда по 17. пат „Дедо мраз на мотор“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Една од најпопуларните предновогодишни манифестации во Куманово – „Дедо мраз на мотор“ ќе се одржи во среда со почеток во 11:30 часот.

Loading...

Во организација на Мото клубот „Мечки“, манифестацијата ќе започне во 11:30 часот во среда пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, односно на плоштадот „Маршал Тито“.

И годинава мотото на клубоот е „Тажните најубаво се смеат“, а целта останува иста, носење подароци за лицата со посебни потреби.

– Ве покануваме , сите наши подржувачи и пријатели, добри и хумани луѓе на 25 декември заедно да ги израдуваме децата од дневниот центар за лица со посебни потреби. Во 11:30 часот ќе бидеме на градскиот плоштад „Маршал Тито”, пред Домот на Култура – Куманово со нашите пријатели на мотор маскирани како Дедомразовци, и како секогаш ќе делиме изненадувања за најмалите, информираат од Мото клубот „Мечки“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар и полицаец за 2024 година во Куманово

Во 12:45 часот моторџиите ќе тргнат од градскиот плоштад со дефиле низ улиците, за да по 15 минути пристигнат пред Дневниот центар за лица со посебни потреби каде на штитениците ќе им однесат подароци и новогодишни пакетчиња.

Никола Ивановски