Во среда петти третман против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ја информира јавноста дека на 10 септември 2025 година (среда) ќе се реализира петтиот третман на терестичка дезинсекција, односно третирање на возрасни форми на комарци.

Активноста ќе започне на полноќ, во 00:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови.

Дезинсекцијата ќе се спроведе на повеќе локации низ градот и околните населени места, меѓу кои: по течението на реката Кумановка од Кумановска бања, преку селото Проевце и местото Бејтови ниви, долж кејот на реката, околу градскиот парк, улицата „Никола Тесла“, во реонот на ООУ „Толи Зордумис“, населбата Диво Насеље, селото Романовце, градските гробишта, Зелен рид, булевар „Трета МУБ“, улица „11 Октомври“, како и околу ЈЗУ Општа болница – Куманово и во централното градско подрачје.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Првите денови топло и суво, потоа пресврт

Третман ќе се врши и по течението на реката Серава, во населбата Перо Чичо и на други критични точки каде што се забележани легла на комарци.

За третманот ќе се користи препаратот AQVA KOTHRINE со активна материја Deltamethrine.

Од Општината информираат дека во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни временски услови.

Никола Ивановски