Во среда голем митинг на ЗНАМ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во среда, 1 октомври, ќе одржи голем митинг на Градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 19 часот.

На конвенцијата ќе бидат претставени кандидатите за советници, носителката на советничката листа Ивана Ѓорѓиевска и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски, кој воедно е и претседател на партијата.

– Во оваа прилика сакам да вe информирам сите дека Движење ЗНАМ – За наша Македонија официјално ќе ја направи својата конвенција на кандидати за советници и мене како кандидат за градоначалник во среда, на Градскиот плоштад со почеток во 19:00. Тука ќе биде презентирано дел од нашата предизборна кампања и ќе бидат презентирани сите наши кандидати и за градоначалник и за советници,“ изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лабудовиќ: Ред, безбедност и чиста животна средина – нова визија за Центар

 

 

Тој ги повика граѓаните да присуствуваат и лично да ги слушнат идните решенија за градот.

– Ги повикувам граѓаните на Куманово да не проследат, да излезат на Градскиот плоштад и да ги слушнат сите наши идни решенија за нашиот град. Го правиме тоа токму на Градскиот плоштад, каде што е срцето на градот, онака како што доликува. Немаме намера да се криеме во сали ниту пак на други места, бидејќи Куманово и кумановската јавност заслужува во целост да слушне за своите планови за иднината на граѓаните и за програмските цели на Движење ЗНАМ – За наша Македонија.“

На митингот ќе бидат претставени носителката на советничката листа Ивана Ѓорѓиевска, која е под реден број 2, сите останати 30 кандидати за советници, како и Максим Димитриевски како кандидат за градоначалник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре крводарителска акција во Црвен крст Куманово

– Јас, како ваш актуелен градоначалник, повторно барам поддршка од вас за Куманово да продолжи да се развива, порача Димитриевски.