Во Србија од утре е во сила нов ценовник на ЈП Путеви Србија, што значи дека патарините за користење на автопатиштата во просек се зголемуваат за 10 отсто.
Одлуката за поскапување ја одобри Владата, а на предлог на „Путеви Србије“.
Прецизирано е дека од утре патарината за патничко возило Б категорија од Белград до Шид ќе чини 500 динари, од Белград до Суботица 800 динари, од Белград до Ниш 1.130 динари, а од Белград до Димировград 1.670 динари.
Патарината од Белград до Рума ќе чини 200 динари, до Сремска Митровица 270 динари, а за патарината на автопатот „Милош Велики“ од Обреновац до Чачак возачите ќе треба да платат 560 динари, додека патарината до Паковрат ќе чини 650 динари, односно 320 динари на Љиг.
Од утре од Суботица до Инџија за патарина треба да се одвојат 710, а за Нови Сад 490 динари.
Попусти ќе продолжат да остваруваат корисниците на електронска наплата од шест отсто, како и камионите со мотори „евро 6“ од 10 отсто.
Претходното зголемување на цените на патарините Владата на Србија го одобри во март минатата година за 14 отсто.