Хуманитарното здружение „Мајка“ заедно со други невладини организации од Македонија: СПМД од Кавадарци, ЦЕД од Теарце, МЦГО од Скопје, Ромски Ресурсен Центар –Скопје и Коалициј СЕГА од Прилеп преку имплементација на проектот „Промовирање на детски права и интеркултурна комуникација“, поддржан од Фондацијата за деца Песталоци од Троген – Швајцарија се приклучува кон одбележувањето на Недела на правата на детето која се празнува во целиот свет од 05 до 11 октомври.
[huge_it_gallery id=”216″]
Одбележувањето се прави преку спроведување на кампањата „Сите деца со исти права! За подобро утре!” со разни активности во кои децата се главни носители и преку нив испраќаат пораки до возрасните дека и тие се дел од овој човечки свет и треба да се почитуваат.