Американската амбасада во Ирак денес предупреди дека во следните 24 до 48 часа, напади од милитантни групи поврзани со Иран се можни во Багдад и ги повика Американците во таа земја веднаш да го напуштат Ирак.
„Ирачките терористички милиции поврзани со Иран може да имаат намера да извршат напади во центарот на Багдад во следните 24 до 48 часа. Иран и терористичките милиции поврзани со Иран извршија широко распространети напади“, соопшти американската амбасада во Багдад во предупредување објавено на платформата X.
Амбасадата во соопштение објавено на својата официјална веб-страница изјави дека „Иран и неговите поврзани терористички милиции може да имаат намера да ги нападнат американските универзитети во Багдад, Сулејманија и Дохук, заедно со други универзитети за кои се верува дека се поврзани со САД“.
„Иран конкретно им се закани на американските универзитети низ целиот Блиски Исток. Иран и терористичките милиции поврзани со Иран извршија широко распространети напади врз американски граѓани, цели поврзани со САД низ целиот Ирак, вклучувајќи го и регионот Ирачки Курдистан (ИКР), како и ирачки институции и цивилни цели“, се вели во соопштението, според Танјуг.

