Вооружени напаѓачи нападнаа автобус со сириски војници во источна Сирија, при што загинаа најмалку 23 лица, соопштија денеска опозициски активисти.
Loading...
Десет лица се повредени, според Сириската опсерваторија за човекови права.
Се верува дека нападот го извршиле припадници на Исламската држава, пренесува АП.
Нападот се случил на пустински пат во близина на источниот град Мајадин, во провинцијата Деир ал Зур, која граничи со Ирак.
Исламската држава контролираше големи делови од Сирија и Ирак, каде што прогласија калифат во јуни 2014 година.
Со текот на годините изгубија одредена територија, по што беа поразени во Ирак во 2017 година и две години подоцна во Сирија.