Во Шпанија се регистрирани рекордни 55.019 нови случаи на заразени со новиот коронавирус за еден ден – повеќе од двојно зголемена цифра по завчерашните 25.595.
Бројот на починати се зголеми за 379, со што вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот се искачи на 36.257. Шпанија минатата недела одобри шестмесечна вонредна состојба за да се обиде да се избори со вториот бран на инфекцијата.
Регистрираните 379 смртни случаи се најголем пораст за еден ден во текот на вториот бран, иако сè уште е далеку од скоро 900 колку што беа за време на врвот на првиот бран на пандемијата кон крајот на март.
Големиот скок на инфекции може делумно да се објасни со акумулација на случаи за време на тридневниот празничен викенд во Шпанија, јавија локални медиуми. Официјалниот вкупен број на инфекции сега е 1.240.697, но премиерот Педро Санчез рече дека реалниот вкупен број е веројатно повеќе од три милиони, претпоставка заснована врз студии и проценки.
Јасмина Тасевска