На базалтска карпа на северот на Саудиска Арабија е откриен натпис стар 2.550 години, напишан во името на последниот вавилонски крал Набонидус, објави Комисијата за туризам и национално наследство на таа земја.
На гравирањето на горниот дел од натписот се гледа како кралот Набонид држи жезол, како и четири други слики, вклучувајќи цвет, змија и приказ на Месечината.
Се верува дека овие слики имаат религиозно значење, пренесува Live Science.
Под гравурите има околу 26 линии клинесто писмо, кои во моментов ги дешифрираат експертите.
Тоа е, се посочува во соопштението, најдолгиот натпис на клинесто писмо некогаш пронајден во Саудиска Арабија, објави „Хисториблог“.
Натписот е пронајден во Ал Хајт во регионот Хаил, каде има бројни антички места, вклучувајќи остатоци од тврдини, уметност од камен и водоводни инсталации.
Кралот Набонид владеел од 555 до 539 година п.н.е.
Archaeologists from the Saudi #HeritageCommission have discovered fascinating rock inscriptions in the Hail region (northern Saudi Arabia) that depict the Babylonian King Nabonidus. pic.twitter.com/HqQ0BZ3mUw
— هيئة التراث (@MOCHeritage) July 13, 2021
Вавилонската империја се протегала од Персискиот Залив до Средоземното Море, а Набонидус на почетокот на неговото владеење освоил дел од денешна Саудиска Арабија и живеел во градот Тајм, каде останал до 543 п.н.е.
Зошто тој одлучи да живее во денешна Саудиска Арабија долго време е прашање на дебата меѓу историчарите, а некои експерти сметаат дека веројатната причина се судирите со вавилонските свештеници.
На крајот на владеењето на Набонид, Вавилонската империја била нападната од Персиската империја, предводена од кралот Кир Велики.
Персијците го освоиле Вавилон во 539 година п.н.е., и Вавилонската империја се распаднала.
Судбината на Набонидус по колапсот е непозната.