Во Сараево урнат Гинисов рекорд – Подготвени 14.186 палачинки

Сподели со своите пријатели

Во рамките на Сараевскиот фестивал на туризмот подготвени се 14.186 палачинки, со што е соборен Гинисов рекорд, затоа што тоа е за 1.470 парчиња повеќе во однос на стариот рекорд од Москва.

За овој резултат заслужни биле Здружението на кувари во БиХ и Клубот на љубители на палачинки.

– Сакавме да го свртиме вниманието на БиХ и младите кувари, со напомена дека ништо не би постигнале без помошта од нашите повозрасни колеги, но и колегите од другите земји – рекол претседателот на Здружението на кувари во БиХ, Нермин Хоџиќ.

Организаторот оценува дека на платото на Скендерија во Сараево сите работеле како еден.

„Човекот-амфибија“ во Охрид постави Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Еден број палачинки е поделен на насобраните кои ги подреле учесниците во соборување на реркордот, додека другиот дел е доставен до социјално загрозените жители, домови за незгрижени деца, домови за згрижување на стари лица, мигранти и други лица кои овој гест ги израдувал.

Екипа од повеќе од 100 луѓе, кои во смени синхорнизирано ги подготвувале палачинките, осум часа работеле на овој проект.

Сараевскиот саем за туризам, кој започнал во среда, ќе биде можност на едно место во државата да се претстават туристичките потенцијали, како на граѓаните така и на туристичките агенции и оператори од странство.

Оваа година на саемот се претставиле 70 излагачи од Црна Гора, Хрватска, Македонија, Турција, Индија и домаќинот Босна и Херцеговина.

Leave a Reply