Највисоко ниво на дневни хоспитализации поради коронавирус беше достигнато во САД во неделата, кога 93.238 пациенти се сместени во болници.
Loading...
Тој број ги надмина податоците од саботата, кога беа хоспитализирани 91 635 лица, наведува Си-Ен-Ен.
Се претпоставува дека бројот на хоспитализирани лица е зголемен поради бројните патувања во последните денови поради Денот на благодарноста, и покрај предупредувањата од властите да се воздржат од вакви прослави.
Лекарите проценуваат дека бројот на хоспитализирани ќе се зголеми.
Пандорка Арсовска-Гацова