Во руските напади оштетена електраната на најголемата украинска енергетска компанија

Сподели со своите пријатели

Руските сили денеска ги нападнаа електраните на најголемата украинска приватна енергетска компанија ДТЕК, при што сериозно ја оштетија опремата, соопшти компанијата.

Loading...

„Оваа година тоа е 13-ти масовен напад врз украинскиот енергетски сектор и 10-ти масовен напад врз енергетските капацитети на компанијата“, се вели во соопштението на компанијата за Telegram, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска градоначалникот на Харков, Игор Терехов, соопшти дека најмалку три лица се повредени во руски ракетен напад врз тој град.

Украинските воздухопловни сили објавија дека Харков бил нападнат со балистички проектили, а локалниот гувернер Олег Синегубов во објава на Телеграм рече дека во нападот била оштетена „цивилна нестанбена инфраструктура“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руската полиција спречи атентат врз директор на воено-индустриско претпријатие

Министерот за енергетика на Украина Херман Галушченко изјави дека Русија „масовно го напаѓа енергетскиот сектор“, поради што е ограничено снабдувањето со електрична енергија, пренесува Ројтерс.

Русија ги интензивираше нападите врз енергетскиот сектор на Украина од пролетта и оштети речиси половина од производствениот капацитет на Украина, често предизвикувајќи повеќечасовни прекини на струја низ целата земја.