Синоќа руската армија гранатираше 24 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а се повредени осум други, соопшти Олександар Прокудин, шеф на Регионалната воена управа Херсон.
Loading...
„Руската армија гаѓаше станбени области во населените центри на регионот, вклучително и 13 приватни куќи. Напаѓачите оштетија и гасовод, земјоделски објекти, автобус и приватни автомобили“, изјави Прокудин, пренесува Танјуг.
Според него, за време на ноќниот напад со беспилотни летала, силите за воздушна одбрана уништиле три беспилотни летала од типот Шахед-131/136 над територијата на регионот, пренесува Укринформ.