Во Русија за една недела починале 26 лица од труење со алкохол

Сподели со своите пријатели

Руските власти соопштија дека 26 лица починале оваа недела од труење со алкохол, откако конзумирале пијалак произведен во регионот Оренбург на границата со Казахстан.

Loading...

Бројот на жртвите се искачи на девет во четвртокот, изјави регионалното министерство за новинската агенција РИА. Уште 28 лица страдаат од симптоми на труење со алкохол, пренесуваат светските медиуми.

Регионалниот огранок на Рускиот истражувачки комитет отвори истрага за да утврди дали алкохолните производи што се продаваат во регионот, на околу 1.500 километри од Москва, ги почитуваат безбедносните стандарди.

Вчера, комитетот соопшти дека шест лица се приведени за наводно производство и продажба на алкохоло несоодветни за консумирање.

По случајот на масовно труење со алкохол во Сибир во 2016 година, националните власти наредија построги контроли за производство и продажба на пијалаци, лекови, парфеми и други течности што содржат високо ниво на етанол.