Во Русија убиени тројца безбедносни службеници, потрагата по напаѓачите продолжува

Сподели со своите пријатели

Едно од лицата барани за нападот врз полицајците во руската област Ингушетија е фатен денеска, јавуваат руските медиуми.

Loading...

„Еден од бараните, Амир Боков, роден 2001 година, се предал во полиција. Потрагата по уште тројца продолжува“, изјавил изворот за РИА Новости.

Како што пишува „Известија“, ноќта на 6 април, специјалните сили на руската ФСБ, во соработка со вработени во руската гарда и Министерството за внатрешни работи на Ингушетија, блокирале радикали во едно од домаќинствата во селото Зјазиков-Јурт како дел од антитерористичка операција.

Ситуацијата е тензична од крајот на март

Во таа акција загинаа тројца припадници на службата за безбедност, а повредени се уште осуммина вработени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Блискиот Исток е во експлозивна состојба. Ситуацијата ќе излезе од контрола

Напаѓачите или терористите, како што ги нарекуваат руските медиуми, успеале да побегнат.

Министерството за внатрешни работи на Ингушетија распиша потерница по четворица мажи на возраст од 22 до 36 години и понуди награда од три милиони рубљи (околу 33.000 евра) за информации за бараните лица.

Состојбата во оваа област стана тензична на крајот на март.

Имено, според руските медиуми, полицијата се обидела да ги уапси терористите поради нападот врз полицијата на крајот на март, но милитантите отвориле оган.

Loading...

Потоа, на 27 март, терористите пукале во полициска станица во близина на градот Назран и побегнале од местото, при што беа повредени двајца полицајци на должност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БРИКС: Зошто Турција сака да се приклучи на економскиот сојуз предводен од Русија и Кина?