Во Русија во изминатите 24 часа се регистрирани 38.420 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата достигна 9.109.094, соопшти денеска Кризниот центар за борба против коронавирусот.
Loading...
Уште 1.211 лица починаа како последица на корона вирусот во земјава, јавува агенцијата Тас с.
Според Центарот за кризи, релативното зголемување на новозаразените со коронавирус е на ниво од 0,42 отсто.
Од почетокот на пандемијата досега од последиците на коронавирусот починале вкупно 256.597 пациенти.