Во Русија рекорден број заразени со корона, вчера починати над 1.000 лица

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа во Русија се пријавени 34.303 нови инфекции со корона вирусот, што е најголем дневен број на заразени досега, објави денеска преку Центарот за борба против Ковид-19.

Loading...

Дневниот број на заболени од Ковид-19 во земјата достигна рекорден број четврти ден по ред, а вкупниот број на случаи во Русија е 7.992.687, пишува Тасс.

Русија во саботата надмина 1.000 смртни случаи за 24 часа, за првпат од почетокот на пандемијата на корона вирусот.

Официјалната владина статистика покажа 1.002 смртни случаи и 33.208 нови инфекции.

Само 31% од Русите се целосно вакцинирани.