Во Русија пронајдена единствената преостаната парна машина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Двајца извидници пронашле остатоци од парна машина за испумпување вода од рудник со злато кај Краснорајск во Русија, а научниците веруваат дека е во прашање последната таква машина, направена помеѓу 18 и 20 век.

Имено, при една извидничка експедиција, двајцата мажи пронашле остатоци од машина, која била произведена во Леистон, Англија, помеѓу 1778. и 1932. година.

– Ги повикваме пријателите кои работат во лондонскиот музеј, ни рекоа дека најверојатно тоа е единствената преостаната машина во светот, како и дека по испитувањата ќе знаат дали е можно да се поправи, рекле пронаоѓачите.

Ова животно е национален симбол на Русија (ВИДЕО)

Компанијата „Ричард Герен и синовите“, која ги произведувала овие и слични машини, се прославила токму со овој тип, кој бргу се нашол во употреба.

Во Сувобузимскиот рејон, постоеле две вакви машини, од кои едната е оставена во близина на локалните села, а нејзините делови бргу потоа биле искористени. Меѓутоа, ова е оставена 70 километри од Краснојарск, во шума, поради што и била сочувана.

Leave a Reply