Во Русија пристигна иднината: Воз што „лебди“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Институтот за термичка технологија во Москва, руски институт за инженерство и научно истражување, кој е дел од вселенската корпорација „Роскосмос“, дизајнираше воз „Маглев“ што може да работи во беспилотен режим, изјави главниот дизајнер Јури Соломонов за „Тасс“.

Loading...

Маглев, добиен од изразот „магнетна левитација“, е железнички транспортен систем кој користи два сета магнети: едниот сет за одбивање и потикнување на возот од пругата, а другиот за движење на повишениот воз напред, искористувајќи го недостатокот на триење.

– Целта на проектот е да се создаде целосен модел на демонстрација на возот за да се проверат и потврдат главните технички карактеристики на новите технолошки решенија поврзани со примената на технологијата маглев – рече Соломонов, пренесува Тасс.

 

Leave a Reply