Во Русија до пет години затвор за лажни вести поврзани со вирусот

Сподели со своите пријатели

Руските законодавци денес треба да донесат нацрт закон со кој се предвидени остри казни, до пет години затвор, за ширење лажни вести поврзани со коронавирусот.

Loading...

Пратениците денеска ќе гласаат на предлог-законот во прво и второ читање претпладне, а третото и последното читање се очекуваат во текот на денот.

Научниците пресметаа кога ќе престане ширењето на коронавирусот во Италија

Законот предвидува дека лицето е прогласено за виновно за намерно споделување лажни информации што довеле до смртоносен исход или други сериозни последици и може да добие до пет години затвор и парична казна од два милиони рубли (23.000 евра).

Исто така, се предвидува казна од три години затвор и парична казна од 1,5 милиони рубли (17.300 евра) за ширење на информации што му наштетиле на здравјето на другите.

СЗО: Неправилната употреба на маските е штетна, на лекарите им се потребни

Овие предлози се дел од правниот пакет, кој исто така вклучува посилни казни за луѓе кои не ја почитуваат предвидената изолација за да го спречи ширењето на болеста.

Сега има 1.836 случаи на коронавирус и девет смртни случаи во Русија. Од вчера, во главниот град Москва беше воведена општа изолација за 12 милиони жители, како и во околу 12 региони во земјата.

Loading...

Leave a Reply