Полицијата на Ротердам уапсила маж што сака да го испраша во врска со три убиства во градскиот кварт Ајселмонд во изминатите 12 дена, објави холандскиот Telegraaf.
Маж, кој има 24 години и нема пријавено живеалиште, е уапсен вчера, нешто по 23 часот, на балкон од стан на Емелиседијк.
При апсењето полицијата пронашла пиштол кој, според извештајот на Telegraaf, осомничениот наводно се обидувал да го фрли.
Полицијата дополнително соопшти дека се уште е нејасен мотивот на напаѓачот и најави прес-конференција за денеска.
Тројца мртви
Првата жртва, 63-годишен маж, ја убил на 21 декември. Втората жртва, 58-годишен маж, ја ранил една недела подоцна, а третата жртва, 81-годишен старец вчераутро. Од здобиените повреди истиот ден починал во болница.
Според холандските медиуми, сите жртви биле избрани по случаен избор, без никакви криминални врски, а полицијата ги предупредила жителите на околината да бидат крајно внимателни додека се надвор.
Шокираните локални жители изјавија за Telegraaf дека во станот во кој е уапсен осомничениот живеат две жени и дека претходно не го виделе осомничениот.
„Поминавме низ пекол“
„Не го знаеме, но мило ми е што беше уапсен“, изјави еден сосед за Telegraaf.
„Поминавме низ пекол во изминатите неколку дена. Не се осмелив да излезам. Имам шест деца, но тоа можеше да ми се случи и мене.“
Полицијата вчеравечер објави нова фотографија од осомничениот и понуди награда од 30.000 евра за информација што ќе доведе до негово апсење.
Мажот кој претходно беше уапсен во врска со првите две престрелки е ослободен без обвинение.
#WANTED – Public prosecution #TheNetherlands has released a photo of the suspect in the – presumably unrelated and random – #shooting of three men in #Rotterdam.
DO NOT APPROACH!!
CALL 0800-6070
Or use the info form 👉 https://t.co/e4fMRYqvuBMore info 👇 https://t.co/b3ii3Qev3X pic.twitter.com/WsU9LiGMrD
— Saskia Steinhorst (@scruffy65) January 2, 2025